Subway ќе отвора 22 ресторани во Хрватска?

49

subway

Најголемиот франшизен ланец за брза храна, Subway, сака да се врати во Хрватска и оваа година да отвори најмалку 22 ресторани преку соработка со корисници на франшиза, со кои веќе почнуваат да остваруваат контакти, пишува Т-портал.

Според менаџерот за развој на ланецот Subway, задолжен за централна и источна Европа, Мартин Принц, франшизната лиценца за првиот ресторан изнесува 7.500 евра. Во случај корисникот на франшизата да отвори ресторан во рок од една година, му се враќа половина од цената за лиценцата. Целокупната инвестиција за отворање на нов ресторан се движи до 115.000 евра, во зависност од големината, положбата и типот на ресторанот.

Subway има 42.000 ресторани во 105 земји во светот. Во регионот е присутен во Словенија, Унгарија и Романија. Во Хрватска беше присутен во периодот од 2004 до 2009 година, преку фирмата Super-sub, која држеше шест ресторани.