SunWireless ќе обезбедува интернет и за корисниците на Тотал ТВ

71

SW-TotalTV

SunWireless потпиша договор за партнерство со Тотал ТВ, најголемиот провајдер на сателитска телевизија во Република Македонија.

Овој договор значи и проширување на соработката помеѓу SunWireless и United Group (чиј член е Тотал ТВ), водечката телекомуникациска групација во регионот, откако пред неколку месеци беше потпишан и договор за соработка со SBB, најголемиот оператор на дигитална и аналогна кабловска телевизија и широкопојасен интернет во Србија, исто така член на групацијата.

Отсега, корисниците на Тотал ТВ  ќе имаат можност својата омилена сателитска телевизија да ја комбинираат со брз и стабилен интернет кој ќе биде овозможен од SunWireless и понуден во новиот Тотал Микс пакет.

Корисниците на Тотал Микс пакетот, покрај интернет за домашна употреба, ќе добијат можност да користат интернет сообраќај и во сите хотзони на SunWireless и UNIFI Wi – Fi мрежата низ Македонија, Србија, Словенија и БиХ на повеќе од 1.800 локации.