Suzy Snooze, иновативен уред што обезбедува квалитетен сон

22

suzy snooze

Suzy Snooze е иновативен уред што помага на бебињата, малите деца и возрасните да имаат поквалитетен сон.

Уредот може да се контролира преку апликација за мобилни уреди, што им помага на родителите да го следат спиењето на своите деца.

Suzy Snooze испушта и пријатни звуци што дополнително смируваат и го подобруваат сонот. Штом детето заспие, уредот задржува умерена светлина по што се чувствува безбедно и мирно во текот на ноќта.

За дизајнот на Suzy Snooze стои британскиот старт – ап Bleep Bleeps, кои изработуваат различни додатоци што ќе го олеснат секојдневието на родителите и нивните деца.

Уредот се најде на глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, каде што побара поддршка од 50.000 долари.