Светот издвои 19,5 билиони долари за спас на економиите

29

Од избивање на пандемијата, според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), владите и централните банки во светот ветија дека ќе издвојат 19,5 билиони долари за да ја поддржат светската економија.

Владите објавија мерки на поддршка од скоро 12 билиони долари до септември оваа година, а централните банки со своите мерки дополнително помогнале со најмалку 7,5 билиони долари, за да се ублажи влијанието на пандемијата, наведува ММФ во својот годишен извештај.

Сепак, напоменува ММФ, и покрај брзите и обемни мерки кои опфатија намалување на даноци, субвенционирање на плати, одобрување на заеми на компании… глобалната економија трпи најлоша рецесија од Големата депресија, пренесува CNN.

Фото: Pixabay