Светот ќе добива сè повеќе ултра богаташи

43

Бројот на супер богати во светот е во постојан пораст. На глобално ниво, бројот на лица кои имаат богатство од над 30 милиони долари забележа пораст од 6,4% минатата година и сега изнесува 513.244, покажува извештајот на Knight Frank’s.

До 2024 година, се очекува нивниот број да се зголеми за 27%. Во САД живеат 270.575, додека остатокот се во Европа и Азија.

Иако САД се дом на голем број ултра богаташи, сепак не се очекува во следните пет години значително да се зголеми бројката. Растот меѓу 2019-та и 2024 година се предвидува на 22%, со што земјата ќе биде 87-ма најбрзорастечка според овој вид на популација. Во истиот период, на супер богаташите во Индија се очекува да им се зголеми “друштвото“ за 73%. И покрај геополитичките тензии и забавување на тамошната економија, се очекува бројот на супер моќни богаташи да се зголеми од 5.986 на 10.354.

Втора земја е Египет, каде што предвидувањата велат дека до 2024 година, бројот на лица кои располагаат со имот од над 30 милиони долари ќе се зголеми за 66% на 1.269. По нив следуваат: Виетнам (64%), Кина (58%), Индонезија (57%), Танзанија (54%), Шведска (43%) и Нов Зеланд (37%).

Фото: Pixabay