Светска банка ја суспендира Doing business листата

107

Светска банка ја суспендира листата според којашто се рангирани земјите врз основа на условите за водење бизнис – Doing business.

На овој чекор се одлучи Светска банка поради неправилностите во податоците што би можеле да влијаат на рангирање на пазарите во развој.

Doing Business индексот го оценуваше деловното окружување во 190 земји во светот и ги рангира по тоа колку се привлечни за странските инвеститори. При оценката предвид се земаа повеќе фактори, меѓу кои и условите за отворање бизнис, градежни дозволи, пристап до финансии, регистрација на недвижнини, даноци, меѓународна трговија.

Според последниот извештај на Doing Business за 2020 година, Нов Зеланд беше најдобро место за водење бизнис во светот, а Македонија се најде на 17-то место.

Во соопштението на Светска банка од август оваа година се наведува дека се воочени повеќе неправилности во извештаите за 2018-та и 2020-та година. Оттаму порачуваат дека последните пет извештаи ќе мора системски да се прегледаат, а додека не се исправат грешките, Светска банка нема да издава нови извештаи.

Фото: Freepik