Doing Business: Нов Зеланд е лидер, Македонија на 17-то место

34

Нов Зеланд и овој пат е најдобро место за водење бизнис, додека земјава бележи пад од седум места, покажува најновиот извештај на Doing Business за 2020 година.

Освен Нов Зеланд, на првите пет места на оваа листа се најдоа и: Сингапур, Хонг Конг, Данска и Република Кореја.

Од вкупно 190 земји во светот, Македонија е на 17-та позиција со 80,7 поени. Минатата година земјава беше 10-та во светски рамки на истата листа.

Од земјите во регионот, најдобро позиционирана е Словенија (37-ма). Потоа следуваат: Црна Гора (50), Хрватска (51), Бугарија (61), Грција (79) Албанија (82), Босна и Херцеговина (90).

На дното на листата на Doing Business се најдоа: Либија, Јемен, Венецуела, Еритреја и Сомалија.

Меѓу критериумите што се земаат предвид се: започнување бизнис, добивање градежни дозволи, пристап до електрична енергија регистрирање на имот, добивање кредит, заштита на малцински инвеститори, плаќање даноци, надворешна трговија, вработување и слично.

Фото: Pixabay