Светска банка ќе го прекине финансирањето на Либан поради вакцинирање преку ред

20

Светска банка (СБ) се закани дека привремено ќе го прекине финансирањето купување вакцини против Ковид-19, за Либан бидејќи поединци ги прекршиле правилата и се вакцинирале без претходно да се најават.

Генералниот секретар на либанскиот Парламент Аднан Дахер ги негираше наводите дека 16 пратеници се вакцинирале преку ред, истакнувајќи дека приоритет за вакцинацијата имаат здравствените работници и лицата постари од 75 години.

СБ минатиот месец соопшти дека одобрила 34 милиони долари помош за Либан за купување на вакцини.

Фото:Freepik