Светска банка: Закрепнувањето на економијата ќе трае повеќе од пет години

69

Светската банка соопшти дека долгорочните изгледи за економиите се навистина лоши. Тие предупредија дека штетата направена од кризата од коронавирусот ќе трае уште подолго од глобалната финансиска криза од 2008 година.

Новиот главен економист на Светската банка Кармен Рајнхарт изјави за The Sunday Telegraph, дека надежите за брза враќање во облик на “V“ се нереални, бидеји закрепнување веројатно ќе трае повеќе од пет години по основ на приход по глава на жител.

Економските податоци продолжуваат да се одразуваат на глобално ниво, при што  Јапонија ги објави своите најлоши бројки на БДП. Третата најголема светска економија се намали за 7,8% во вториот квартал, на годишна основа со загуба од 27,8% од БДП.

Тој претставува најлош пад откако започнаа мерењата во 1980 година и третиот последователен квартал на контракции за проблематичната островска нација. Земјата има регистрирано 19.000 нови случаи на коронавирус во август, скоро една третина од сите случаи што досега ги имала.

Фото: Freepik