Светските елити сакаат ‘безготовинско општество’

71

Светските елити сакаат да воспостават целосна контрола врз финансиските текови  создавaјќи “општество без готовина“, пишува германскиот Contra Magazin.

Поради оваа причина банките и платните системи прават сè за да ги обесхрабрат луѓето да користат хартиени пари. Едно притискање на копче во иднина ќе биде доволно за да му се одземат на човекот средства за егзистенција, предупредува авторот на статијата, Марко Мајер.

Весникот пишува дека светските елити мразат пари во готово. И не е случајно што Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) неодамна упати ‘препораки’ до Централните банки и владите за тоа како да ги обесхрабрат луѓето да користат хартиени пари. Еден од методите е да се заменат банкнотите со високи апоени, а светот веќе се движи во таа насока, во Европа и другите развиени земји.

ММФ, исто така, советува воведување на горна граница за готовински сметки. Покрај тоа, се наплатуваат провизии за повлекување хартиени пари од банкомати, како и за нивно ставање на сметка.

Исто така, се разгледува можноста за девалвирање на готовина во однос на дигиталната валута, кога купувачот ќе плати дополнително за стоката ако користи банкноти. На крајот, ќе се создаде ‘општество без готовина’ во кое финансиските компании ќе добијат целосна контрола врз парите на луѓето, предупредува весникот.

Фото: Pexels