Swatch ќе подели 2.400 откази и ќе стави клуч на 260 продавници

67

Еден од најпознатите производители на часовници во светот, Swatch бележи преполовување на продажбата во првото полугодие од оваа година. Падот на продажбата е поради пандемијата од коронавирусот, поради што луѓето помалку купуваа часовници и модни додатоци за себе и своите блиски.

Откако пандемијата беше ставена под контрола, веќе во јуни се забележа раст на продажбата, особено во Кина. Но, од компанијата велат дека и покрај подобрувањето на ситуација, ќе бидат принудени да поделат околу 2.400 откази, а ќе стават клуч на врата на околу 260 продавници низ целиот свет. Во овој момент, брендот има над 1.800 продавници во светот.

Планот на Swatch е да ја интензивира онлајн продажбата и инвестициите да ги насочи кон електронска трговија.

Фото: Freepik