СЗО: Богатите земји да распоредат поголеми количини на вакцини

29

Богатите земји мора да распоредат поголеми количини на вакцини против коронавирусот и да го следат примерот на САД во брзото распоредување на дози, сметаат од Светската здравствена организација (СЗО).

Таквите мерки, според СЗО, се неопходни во настојувањето да се покрие недостатокот од 200 милиони дози предизвикан од доцнење во снабдувањето и производството на вакцини од Индија.

СЗО ги повика богатите земји да го донираат вишокот на дози за сиромашните земји наместо да ги даваат на помалку чувствителните групи на граѓани, како што се децата.

Тие земји, како што додава СЗО, досега донирале 150 милиони дози преку Ковакс системот, пренесува Ројтерс.

Од СЗО го поздравуваат планот на САД за брзо распоредување на 25 милиони дози и ги повикуваат и другите богати земји да го следат овој пример.

Фото: Pexels