СЗО предупредува: “Натрупување“ на вакцини би можело да ја продолжи пандемијата

44

Праведниот пристап за вакцината во целиот свет е во интерес на сите и секоја земја, порача првиот човек на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, додавајќи дека “натрупувањето“ на вакцини во некои земји би можело да ја продолжи пандемијата.

“Национализмот поврзан со вакцинирањето ќе ја продолжи пандемијата, нема да ја скрати“, изјави првиот човек на СЗО на парискиот мировен форум одржан во текот на вчерашниот ден.

Гебрејсус предупреди дека вирусот ќе продолжи да се шири, а економското опоравување глобално ќе забави ако луѓето во сиромашните земји нема да можат да бидат вакцинирани.

“Некои земји однапред купуваат многу вакцини, во количини и двојно поголеми од бројот на жители, со што ја доведуваат во опасност достапноста на вакцината во другите земји“, изјави Гебрејсус.

Фото: Pixabay