СЗО: Вакцината може суштински да го промени текот на пандемијата

54

Вакцината против Ковид-19 може да им биде достапна на најранливите категории луѓе до март 2021 година и суштински да го смени текот на пандемијата, изјави висок претставник на Светската здравствена организација (СЗО), откако две фармацевтски компании објавија дека нивната вакцина има 90 % ефикасност во спречување на инфекцијаta, пренесува Ројтерс.

Брус Ејлвард на годишниот министерски состанок на СЗО рече дека привремените резултати од последната фаза на тестот за вакцинa нa Pfizer се многу позитивни.

“Има уште многу работа, ова се само привремени резултати, но многу позитивни резултати што дојдоа денес, кои, се надевам, може да бидат многу ветувачки за целиот свет“, рече Ејлвард, наведувајќи дека резултатите од тестот за вакцини на глобално ниво до март следната година “може да имаме можност суштински да ја смениме насоката и динамиката на оваа криза“.

Фото: Pixabay