Тајланд го промовира канабисот како шанса за економијата

34

Тајланд одобри да се користи канабис во прехранбени и други производи.
Владата за време на викендот одржа конвенција во провинцијата Бурирам, на североисток од земјата, за да ја едуцира јавноста за употребата на канабис и неговиот економски потенцијал. На посетителите им беа понудени јуфки, сладолед и пијалаци направени од коноп.

Индустрискиот коноп е род на канабис кој има поголема концентрација на ЦБД, соединение кое не е психоактивно и ниско ниво на психоактивен ТХЦ.

Тајланд го промовира канабисот како земјоделска култура, а државната фармацевтска компанија најави дека ќе откупува килограм канабис со 12% ЦБД за 1.500 долари.

Законот дозволува седум лица да се здружат во селска задруга и да поднесат барање за дозвола за производство на канабис.

Тајланд има традиција да користи канабис во медицината и во 2017 година ја легализираше марихуаната за здравствени цели и за истражување за да ги зголеми приходите од земјоделството.

Фото: Pixabay