Тајмиште од Кичево со добивка од 441.000 денари во 2015 година

33

tajmiste kicevo

Акционерското друштво Тајмиште од Кичево, во период од први јануари до 31-ви декември 2015 година, оствари вкупна сеопфатна добивка од 441.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно компанијата прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 946.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на крајот на минатата година достигнаа 317.843.000 денари, додека на крајот на 2014 година беа на ниво од 357.170.000 денари.

Компанијата се занимава со рударски производи, производство на жичани производи, како и угостителски услуги.