Технометал Вардар за шест месеци прокнижи добивка од 26.000 денари

20

tehnometal-vardar

Технометал Вардар, во период од први јануари до 30-ти јуни оваа година, оствари вкупна сеопфатна добивка од 26.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во првото полугодие од 2015-та, компанијата прикажа добивка од 32.000 денари.

“Во анализираниот период, оперативните приходи бележат намалување од 20% во однос на истиот период минатата година. Ова намалување се должи на намалување на приходите од продажба, коешто изнесува 16% и е резултат на намалување на приходите од продажба на домашен пазар. Останатите оперативни приходи се незначителни и учествуваат во вкупните приходи со 2,7%“, стои во Коментарот кон билансот на успех.

Основна дејност на Технометал Вардар е увоз – извоз, големопродажба, како и малопродажба на производи од железо и челик, електро и индустриски материјали, механизација и возила, хемиски, текстилни и прехранбени производи. Компанијата нуди и услуги од областа на шпедиција и складирање, осигурување, туризам и угостителство.