Тековен сообраќај по суви коловози

16

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива по суви коловози.

АМСМ ги предупредува возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.