Tesla ги намалува платите 

34

Производителот на електрични автомобили, Tesla ги намалува платите на сите вработени, а до четврти мај ги суспендира вработените што се плаќаат по час, пренесува CNBC.

Според официјални информации, над 30% се намалуваат платите на замениците претседатели, 20% на директорите и 10% на сите вработени.

Илон Маск, сопственик на Tesla, се решава на ваков чекор, којшто би требало да функционира до крајот на вториот квартал. Поради мерките на здравствените власти, за да се спречи ширење на Ковид-19, Маск беше принуден да стави клуч на неговата фабрика во Фримонт, Калифорнија.

Компанијата планира да испорача околу 88.400 возила и да произведе 103.000 во првиот квартал од оваа година.

Фото: Pixabay