Tesla испорача рекордни 95.200 автомобили

37

Tesla забележа рекорден број на произведени и испорачани автомобили во вториот квартал од годинава, соопштуваат од компанијата.

Тоа ги надминува бројките од претходното тримесечје кога беа произведени 77.100 возила и 63.000 испорачани.

Електричниот автомобил Model 3 најмногу придонесе за рекордната испорака, благодарение на големиот интерес за ова возило во Велика Британија, Централна Европа и Кина. Според соопштението, биле продадени вкупно 77.550 автомобили Model 3, споредено со 17.650 продадени Model S и Model X возила заедно.

Фото: Facebook