Американската компанија Tesla планира да собере две милијарди долари од продажба на акции преку јавна понуда, пренесува Reuters.
Главниот извршен директор на Tesla, Илон Маск планира да купи акции во вредност од 10 милиони долари, додека членот на управата и соосновач на Oracle, Лери Елисон планира да купи акции во вредност од милион долари.
Производителот на електрични автомобили планира тие средства да ги искористи за зајакнување на својата работа и општи корпоративни цели.
Фото: Pixabay