Tesla во вториот квартал испорача рекорден број на возила

37

Компанијата Теsla го објави резултатите од второто тримесечје во оваа година кои ги надминаа очекувањата.

Во периодот од април до јуни на купувачите ширум светот им се испорачани 201.250 електрични автомобили. (Model Y, Model 3, Model S и Model X).

Очекувањата на компанијата биле дека во тој период ќе се продадат од 193.000 до 200.000 возила.

Претходниот рекорд на американскиот произведувач е забележан во првиот квартал од 2021, кога се испорачани 184.800 автомобили на струја.

По повод новиот најдобар резултат, Илон Маск упати честитки кон своите вработени за ова достигнување.

Од компанијата соопштуваат дека во вториот квартал се испорaчани вкупно 199.360 примероци од Model 3 и Model Y, додека се продадени само 1.890 примероци од Model S и Model X.

Кога станува збор за производство на возила, од фабричката лента во периодот од април до јуни излегле 206.421 автомобили.

Повторно убедливо најмногу се произведени Model 3 и Model Y (204.081) возила, додека во исто време се направени 2.340 примероци од Model S и Model X.

Фото: Pixabay