Тестирање на новата верзија на електронски катастар

24

Од денеска во сите одделенија на Агенцијата за катастар на недвижности ќе се врши тестирање со паралелна работа на новата верзија на електронскиот катастар со вклучена графика, заради миграција на нова хардверска и софтверска платформа.

Поради оваа активност може да дојде до зголемување на времето потребно за прием на предметите и издавање на податоци на шалтерите во Одделенијата, информираат од Катастарот.