Тетекс проектира добивка од 8,9 милиони денари во 2015 година

10

teteks tetovo

Компанијата Тетекс од Тетово проектира добивка пред оданочување од 8.900.000 денари за тековната 2015 година, покажува финансискиот план на компанијата, објавен на Македонска берза.

Во проектираниот период, компанијата планира да оствари приходи од продажба во вредност од 170.000.000 денари, додека се очекува добивката од оперативно работење да биде во вредност од 6.500.000 денари.

“Проектираните приходи и расходи за 2015 година се базираат на фактичката состојба на остварувањата во 2014 година. Притоа, во предвид се земени отежнатите услови за стопанисување наметнати пред сè од нелојалната конкуренција на пазарот и глобалната економска состојба на земјите од Европската унија, кое има директни последици врз нашето работење. Напорите на менаџментот на Тетекс се во правец на остварување на позитивно работење на компанијата преку изнаоѓање нови пазари и рационализација на трошоците на работењето“, стои во коментарот кон финансискиот план за 2015 година.