To Montenegro – името на новата национална авиокомпанија на Црна Гора

85

Црногорската влада почнува процес на основање нова авиокомпанија, изјави министерот за капитални инвестиции, Младен Бојаниќ. Тој наведува дека ќе се потруди Montenegro Airlines да ги задржи најважните линии барем уште 30 до 60 денови.

“Статусот не е дефиниран, сакаме да ја одржиме Montenegro Airlines во живот до формирање нова компанија. Нашиот став е јасен, потребна ни е нова компанија. Црна Гора е туристичка земја и мора да имаме национална авиокомпанија“, изјави Бојаниќ за црногорските медиуми.

Тој навел дека новата компанија ќе се вика To Montenegro. Потребни се шест до девет месеци за да можат да се завршат сите важни активности за новата авиокомпанија.

Според Бојаниќ, се прават обиди со дел од основачкиот капитал планиран за основање на новата компанија да се купи дел од опремата на Montenegro Airlines.

Фото: Facebook