Топ 10 вештини што ќе бидат исклучително барани во следните пет години

152

Светскиот економски форум проценува дека до 2025 година, 85 милиони работни места може да бидат раселени од промената на поделбата на трудот меѓу луѓето и машините.

Половина од сите вработени во светот мора да стекнат нови вештини до 2025 година, за да не бидат “прегазени“ од времето. Светскиот економски форум понатаму наведува дека живееме во свет на технологија и дигитализација, на кој сите ќе мораме да се прилагодиме во одреден момент.

Работодавците велат дека тие се на врвот на листата на вештини што треба да се усвојат – критичко размислување и решавање на проблеми. Оваа година се појавија и  вештини за само-управување како што се активно учење и флексибилност, отпорност и толеранција на стрес.

Ова се топ 10 вештини што ќе бидат исклучително барани во следните пет години:

1. Аналитичко размислување и иновација

2. Активно учење и усвојување стратегија

3. Комплексно решавање на проблеми

4. Критичко размислување и анализа

5. Креативност, оригиналност, иницијатива

6. Лидерство и социјално влијание

7. Разбирање на технологијата, следење, контрола

8. Дизајн и програмирање

9. Еластичност, толеранција на стрес и флексибилност

10. Рационализација

Фото: Pixabay