Топ 10 земји кои први ќе се извлечат од корона кризата, еве каде е Македонија

432

Пандемијата Ковид-19 донесе невидена количина на неизвесност во глобалната економија бидејќи земјите низ целиот свет се борат против проблемите кои растат, спроведуваат широки стратегии за социјално дистанцирање и се обидуваат со фискални интервенции да ги стабилизираат пазарите.

Иако управувањето со здравствената криза е од витално значење и неопходно за економска стабилност, експертите веќе започнаа да проценуваат како може да изгледа закрепнувањето откако вирусот ќе се повлече и кои земји можеби се првите што ќе може полесно да “дишат“.

Данска и Норвешка се на врвот на земјите со најотпорни економии, односно земји што ќе закрепнат најбрзо по глобалната пандемија на коронавирусот, проценува FM Global.

Списокот на отпорност на економските системи ја рангира отпорноста на деловното опкружување во 130 земји врз основа на фактори како што се политичка стабилност, корпоративно управување, ризик на животната средина, логистика на синџирот на снабдување и транспарентност.

Десетте земји со најголем капацитет за брзо закрепнување се: Норвешка, Данска, Швајцарија, Германија, Финска, Шведска, Луксембург, Австрија, земјите од Централна Америка и Велика Британија.

Македонија се наоѓа на 100-та позиција, а од земјите во регионот, Хрватска е на 37-то место, Словенија на 42-ро, Бугарија 45-то, Грција 56-то, Србија на 63-то, БиХ на 70-то, Црна Гора на 82-ро, а Албанија на 95-то место.

Данска, која има високи вредности на синџирите на снабдување, се издвојува како пример за способноста на економијата.

Данска реагираше брзо кога станува збор за донесување на социјално дистанцирање за ширење на вирусот. Мерките, како што се надомест на 90% од платата на работникот исплаќан на час и 75% од платата на работникот со полно работно времек, беа поздравени во остатокот од светот како пример затоа што во суштина станува збор за “замрзнување“ на економијата додека не помине “невремето“.

Интересно е што Руанда може да се пофали. Жителите таму веруваат дека ситуацијата ќе се реши на подобар начин отколку во соседните земји. Тие ова го припишуваат на неодамнешното подобрување во корпоративното управување.

На овој линк може да го погледнете целиот список.

Фото: Pixabay