Топ 100: Само девет милијардери забележаа зголемување на нивното богатство, сите од Кина

60

Истражувачкиот институт Hurun објави специјален извештај во којшто се гледа двомесечното влијание на Ковид-19 врз вкупното богатство на 100 најбогати луѓе во светот. Главни победници се Кинезите.

“Богатството на најбогатите 100 луѓе во светот опадна за 12,6% или 408 милијарди долари, односно во просек од 75 милиони долари на ден“, заклучи директорот на Институтот, Руперт Хугеверф.

Релативен победник во првите два месеци од корона кризата е Кина, чиј пазар се одржуваше подобро од американскиот и европскиот. Хугeверф посочува дека пред кризата, светот имал 2.816 милијардери, додека веќе во март овој број се намалил за 20%. Во светскиот топ 100, само девет милијардери забележаа зголемување на нивното богатство, сите од Кина.

Најмногу, со 3,5 милијарди долари профитираше Ерик Јуан Зенгс, основач на видео конференциска платформа Zoom. Сопружниците Квин Јинглин и Квиан Јинг профитирале со три милијарди долари, произведувајќи свинско месо. Алекс Су Ханг, производител на вентилатори и друга медицинска електронска опрема, оствари 2,8 милијарди долари. Лиу Џонгха, сопственик на New Hope Group (земјоделски и сточарскиот гигант) заработи 2,5 милијарди долари, исто како и производителот на пластика Панг Канг.

Најбогато кинеско дуо и понатаму се Џек Ма, основач на Alibaba и Пони Ма, основач на Tencent. Кина додаде шест нови милијардери на листата на најбогати, додека Индија изгуби тројца, а САД двајца.

Фото: Pixabay