Топ седум вештини што секој работодавач ги бара

794

За секоја работа неопходни се вештини и искуство, но исто така постојат и специфични меки вештини што работодавачите ги бараат кога ангажираат луѓе за својата компанија.

Меките вештини се однесуваат на лични атрибути, како вештини за комуникација, управување со време, работа во тим, креативност. Меките вештини можат да ви помогнат да станете успешни без разлика каде работите. Работодавците ги ценат овие вештини затоа што ги демонстрираат внатрешните процеси на размислување на една личност и колку ќе бидат ефективни во организацијата.

Емоционална интелигенција

Ова е релативно нова посакувана мека вештина на работното место. Поимот емоционалната интелигенција во професионална смисла се вреднува многу. Знаејќи дека деловната етика е многу важна на работното место, работодавците внимаваат на тоа како вработените и потенцијалните кандидати се однесуваат, каков е нивниот меѓусебен однос и односот со клиентите. Ова е многу неопходна способност во работни средини каде се работи под притисок. Пожелно е во ваков вид околина да се вработат луѓе кои се способни да ги контролираат своите емоции, да работат заедно за да завршат проекти и да бидат ефективни тимови.

Лидерство и убедливост

Лидерството не е само еден одговорен и водење тим. На работодавачите им требаат луѓе што можат да работат заедно со други луѓе, да можат да им ги објаснат своите стручни мислења и да ги убедат да донесат одлуки што се усогласуваат со нивните идеи.

Ова е исклучително вредна особина бидејќи членовите на тимот се сметаат како експерти од својата област за проектите на кои ќе работат. Членовите на тимот кои се убедливи водачи се движат од проект во проект, користејќи ги нивните вештини проектот да заврши навреме.

Аналитички вештини

Работодавците сакаат луѓе со можност да размислуваат критички и аналитички. Вработените кои можат да ги идентификуваат трендовите во морето информации, се многу барани.

Љубопитност и желба за учење

“Доживотно ученик“ е посакувана вештина што се користи во огласите на многу работни места, а се однесува на вродената љубопитност и желбата на лицето да научи повеќе, со можност да го примени она што е научено на работа. Со оглед на развојот на новитe технологии, оваа вештина, исто така, многу e барана од страна на работодавачите.

Ја гледате големата слика

Работодавците бараат луѓе кои можат да работат кон поголемите цели на една компанија и да донесуваат одлуки кои ќе имаат резултати насочени кон поголеми цели на компанијата.

Силна работна етика

Пронаоѓање и ангажирање луѓе кои имаат силна работна етика е клучно за успехот на секој работодавец.

Вештини за решавање проблеми и креативност

Секогаш ќе се појават проблеми. Вработените кои можат да најдат решенија за дневни предизвици, сè повеќе се вредни за една организација отколку оние што наоѓаат проблеми и немаат решенија. Ако сте во состојба да донесувате одлуки, треба да бидете способни да создадете решенија или да избирате решенија од вашиот тим. Нема да најдете многу работодавци кои сакаат некој кој постојано ги идентификува проблемите, но не може да ги реши.

Фото: Pexels