Топлификација со добивка од шест милиони денари во првиот квартал

53

toplifikacija

Топлификација во првиот квартал од оваа година работеше со добивка од 6.162.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Првите три месеци од 2015 година, компанијата прикажа добивка од 18.538.000 ден ари.

Вкупните приходи од продажба во периодот јануари – март оваа година беа 34.529.000 денари, додека истиот период лани достигнаа 61.796.000 денари.