Toyota очекува поголема добивка и покрај недостигот од чипови

29

Јапонскиот производител на автомобили, Toyota Motor објави дека во новата фискална година очекува за 2,4% поголема нето добивка и покрај континуираното ширење на пандемијата и глобалниот недостиг на чипови.

Нето добивката за фискалната година, што завршува во март 2022-ра година, се очекува да порасне на 21,1 милијарда долари. Приходите би требало да бидат за 10,2% повисоки во споредба со претходната година.

Се очекува групацијата во фискалната 2021/2022 година да продаде вкупно 10,55 милиони возила, што е за 6,4% повеќе одошто во 2020/2021 година.

Фото: Pexels