Trashpresso – иновативна платформа што отпадот го трансформира во плочки

21

trashpresso

Фото: Miniwiz

Тајванското архитектонско студио Miniwiz создаде иновативна и мобилна постројка, Trashpresso, којашто отпадот го трансформира во плочки, пишува Inhabitat.

Станува збор за платформа којашто може да се закачи на приколка од камион за полесен транспорт.

Trashpresso, којшто може да рециклира најразличен отпад, работи на соларна енергија. Отпадот се ситни, се преработува и на крајот се добиваат плочки коишто може да се користат за различни објекти.

Секоја направена плочка со Trashpresso е еквивалент на пет пластични шишиња.