Трета регионална средба на Меѓународната организација за финансиска едукација на деца и млади

22

Народна банка на Македонија во заедничка организација со Меѓународната организација за финансиска едукација на деца и млади, на втори и трети октомври, ќе ја одржи Третата годишна регионална средба на Меѓународната организација за финансиска едукација на деца и млади за Европа и Централна Азија.

Третата регионална средба ќе се фокусира на утврдувањето на приоритетите за движењата во регионот и на дискусиите за примена и процена на алтернативно економско образование и пристап до финансиите за деца и млади.

Дел од средбата ќе биде посветен на истражувањето нови начини за поврзување со банкарскиот сектор во земјите каде што не е доволно развиен финансискиот сектор.