Трговски дефицит од над 983 милиони евра од јануари до јули

21

Трговскиот дефицит во период од јануари до јули оваа година, достигна вредност од 983.504.000 евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – јули 2015 година, изнесува 141.880.618.000 денари, изразена во долари 2.557.911.000 долари, односно 2.302.954.000 еевра.

Вкупната вредност на увозот на стоки во Република Македонија, во периодот јануари – јули 2015 година, изнесува 202.474.799.000 денари, изразена во долари 3.650.953.000 долари, односно 3.286.458.000 евра.

Покриеноста на увозот со извоз во периодот јануари – јули 2015 е 70,1%.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи). Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и другите метали од платинската група и нивните легури, необработени или во облик на прав.