Трговскиот дефицит намален, извозот во пораст

14

izvoz (1)Во надворешно-трговската размена Република Македонија во првите четири месеци од годината остварила трговски дефицит од 786,6 милиони американски долари, што е за 73 милиони долари повеќе во споредба со истиот период лани.

Тоа најмногу се должи на зголемениот извоз во период јануари-април, во однос на истиот период лани.

Според податоците на Државниот завод за статистика, Македонија во наведениот период остварила извоз во вкупна вредност 1,3 милијарди долари, што е за близу 85 милиони долари повеќе во однос на период јануари-април.

Увозот достигнал 2,096 милијарди долари, што е незначително повеќе во споредба со лани, кога истиот изнесувал 2,085 милијарди долари.

Ваквиот тренд придонесе и за осетно подобрување на покриеноста на увозот со извоз која годинава изнесува 62,5%, наспроти минатогодишните 58,8%.

Вкупниот обем на трговската размена на Македонија со светот во првите четири месеци изнесувал 3,4 милијарди долари, што е за близу 100 милиони долари повеќе во однос на лани.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта.

Во увозот најмногу се застапени суровата нафта, платината и легурите на платина, необработени или во прав, рудите на никел и нивните концентрати и електричната енергија.

Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија.