
Трговскиот суфицит на Германија се намали од ревидираните 14,7 милијарди евра во март на 14,5 милијарди евра во април, што е најниска вредност за последните пет месеци, според податоците објавени денес од Германскиот федерален завод за статистика (Дестатис).
Според прелиминарните податоци, календарски и сезонски прилагодениот извоз од Германија се зголемил месечно за 0,9 проценти на 136,6 милијарди евра, додека увозот забележал раст од 1,2 проценти на 122,1 милијарди евра.
На годишна основа, германскиот извоз се зголемил за 3,6 проценти, а увозот за 6,2 проценти во споредба со април минатата година.
Европската Унија останува главен пазар за германските стоки, каде што се извезени стоки во вредност од 79,1 милијарди евра, додека од нив се увезени стоки во вредност од 61 милијарда евра.
Според извештаите, германскиот извоз во земјите од Европската Унија изнесувал 57,5 милијарди евра, а увозот од овие земји изнесувал 61,1 милијарда евра.
Во периодот од јануари до април оваа година, Германија остварила трговски суфицит од 69,2 милијарди евра, беше објавено на веб-страницата на Дестатис.
Извозот се зголемил за 2,1 процент во споредба со истиот период минатата година, додека увозот се зголемил за 2,8 проценти.











