Три причини зошто инфлацијата е погрешно разбрана

156

Еден од водечките светски економисти, Пол Донован, издвои три причини зошто инфлацијата е погрешно разбрана.

Првата е дека, како што наведе, човечката природа прави инфлацијата да се перципира полошо отколку што е. Тој смета дека тоа има последица да се занемарат цените на другите производи, дури и кога цените се намалуваат.

Како уште една причина за недоразбирање на инфлацијата, Донован посочи дека инфлацијата не е иста за сите. Според него, искуството со инфлација кај постарите луѓе и/или кај оние со пониски примања е поголемо.

“Причината за тоа е она што го купуваат. Постарите луѓе плаќаат за здравствени услуги, луѓето со ниски приходи купуваат храна, енергија и плаќаат кирија. Затоа тие се повеќе погодени од инфлацијата. Значи, ако сакате да ја избегнете инфлацијата, тогаш мора да бидете млади и богати“, рече тој.

Економистот на UBS изјави дека инфлацијата всушност не е пораст на цените.

„Трошоците за работна сила во развиените земји сочинуваат 70 проценти од инфлацијата. Ние сме фокусирани само на цените на суровините. Цените на стоките не се баш важни за инфлацијата. Тие сочинуваат 15 проценти од инфлацијата. Најголемата работа е во работната сила“, подвлече тој.

Тој посочи дека не станува збор за висината на платите, туку за вкупните трошоци на компанијата за работниците. Донован е на став дека зголемувањето на платите не мора да значи дека ќе придонесе за инфлација.