Трибина за запознавање со новото индексно осигурување на земјоделството

22

Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Европа Ре денеска во кумановското село Младо Нагоричане, организираат трибина со земјоделците за запознавање со новото индексно осигурување на остварени приноси од посеви во Македонија.

Новото индексно осигурување е оригинален и иновативен производ за осигурување на земјоделството, развиен и поддржан од Европа Ре. Функционира на тој начин што евентуалните загуби на земјоделците предизвикани од временски непогоди се мерат во однос на индексот, односно просечниот принос на ниво на општина, за секоја поединечна земјоделска култура.

Предвидено е исплатите на оштетните побарувања да се  вршат автоматски, наместо со примена на теренска проценка на штети и загуби на поединечни парцели. Новото осигурување ќе се нуди единствено преку домашни друштва за осигурување кои ќе бидат акредитирани од Европа Ре.