Триглав Осигурување Скопје: Резултатите покажуваат финансиската стабилност и моќ на компанијата

55

triglavТриглав Осигурување Скопје во првите три квартали од 2016-та година со неподелен фокус работеше на реализирање на зацртаните цели на компанијата, што придонесе кон остварување на одлични резултати, стои во соопштението.

Вкупната бруто полисирана премија на крајот на септември, 2016-та година беше во рамките на резултатот за истиот период минатата година. Компанијата во дадениот период оствари раст на премија од 15% во сегментот на каско осигурување, а висок раст на премија постигна и во доменот на доброволното приватно здравствено осигурување.  Најдобар показател за успешното работење на Триглав Осигурување Скопје во основната дејност на осигурување е секако подобрувањето на комбинираниот количник, кој што во споредба со истиот период минатата година покажа пад, достигнувајќи 97,4%. Количник под 100 укажува на позитивно работење во доменот на неживотното осигурување како основна дејност.

“Деловниот успех на Триглав Осигурување, Скопје е резултат на посветеноста на компанијата на стратешките насоки, кои што, покрај зацртаните финансиски цели, вклучуваат и иновативен пристап во развојот на производи и услуги со висок квалитет, како би се обезбедиле задоволството и лојалноста на клиентите. Во дадениот период први на пазарот воведовме сосема нова услуга – автомобилска асистенција. Исто така, продолживме да го развиваме доброволното приватно здравствено осигурување и воведовме нов производ во овој сегмент – осигурување на операции, сѐ со цел, на клиентите да им понудиме потполно решение во доменот на здравственото осигурување. Клиентите и јавноста го препознаваат квалитетот што го обезбедуваме, а потврда за тоа се QuDAL медалот за квалитет, кој што го добиваме втор пат по ред, како и најдобрата позиција меѓу сите македонски осигурители на SeeNews Top 100 листата на осигурителни компании во Југоисточна Европа”, изјави во оваа прилика Ѓорѓе Војновиќ, главен извршен директор на Триглав Осигурување Скопје.

Групацијата Триглав во деветте месеци од 2016-та година успешно работеше во отежнати пазарни услови. Во дадениот период групацијата оствари добивка пред оданочување во висина од 68 милиони евра, додека пак консолидираната бруто полисирана премија од осигурување и соосигурување изнесуваше 721 милион евра. Растот на премијата на групацијата Триглав во Словенија беше на исто ниво со порастот на самиот пазар, додека пак на останатите пазари изнесуваше 9%. На работењето во првите девет месеци од 2016-та година влијаеа масовни штетни настани, како и историски ниските, т.е. негативни каматни стапки на финансиските пазари. Во Триглав оценуваат дека, доколку се земат во предвид очекуваните пазарни услови до крајот на годината, годишната добивка пред оданочување ќе биде во планираните рамки. Триглав Осигурување Скопје, кој што е дел од групацијата Триглав, го заврши третиот квартал од 2016-та година со одлични финансиски резултати и го подобри комбинираниот количник, кој што е показател на успешноста во работењето во основната дејност.

Групацијата Триглав во првите девет месеци од оваа година работеше успешно во тешки пазарни услови и го заврши дадениот период со нето добивка во висина од 54 милиони евра (48 милиони евра нето добивка од матичното друштво), додека добивката пред оданочување изнесуваше 68 милиони евра (60 милиони евра од матичното друштво).