Трошоци на животот според класификацијата COICOP и цени на мало во јули

30

kolicki

Фото: Pixabay

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јули 2017 година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.4, а индексот на цените на мало 100.0.

Намалувањето на индексите на трошоците на животот од 0,6% во јули 2017 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на пониските индекси на свежиот и разладениот зеленчук освен компирот за 10,6%, јајцата за 1,7%, млекото за 1,2%, брашното и другите житарици и шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1,1%, изнутриците за 0,8% и другите пекарски производи за 0,5%.

Исто така, во јули, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај течните горива за домаќинствата за 6,4%, автомобилите и течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 4,2%, гасот за домаќинствата за 4,1%, средствата за чистење и одржување на станот за 3,0%, болничките услуги за 2,9%, обувките за 1,1%, градините, растенијата и цвеќињата за 0,7%, цврстите горива за домаќинствата за 0,4%, малите електрични апарати и опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,3%, ткаенините, електричната енергија за домаќинствата, телефон и телефакс апаратите и телефон и телефакс услугите за 0,2%.

Пораст на индексите на трошоците на животот во јули 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 2,6%, сувото овошје и јаткастите производи за 2,5%, другите прехранбени производи за 0,8%, безалкохолните пијалаци за 0,7%, оризот, другите преработки од месо, рибата и морските плодови и замрзнатиот зеленчук освен компирот за 0,5%.

Во јули, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз на патници за 13,2%, информатичката опрема за 5,2%, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 5,0%, услугите за сместување за 4,8%, пакет-туристичките аранжмани за 2,2%, велосипедите за 0,3% и текстилот за домаќинствата за 0,2%.

Индексот на трошоците на животот во јули 2017 година, во споредба со јули 2016 година, бележи пораст од 1,2%, а индексот на цените на мало бележи пораст за 2,9%.