Трошоците на живот во април на исто ниво како и претходниот месец

18

Трошоците на живот во април оваа година, во однос на претходниот месец, останале на исто ниво, додека цените на мало бележат зголемување од 0,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Пораст на индексот на трошоците на животот во април оваа година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото овошје за 5,7%, свежиот зеленчук за 3,1%, конзервираните месни производи за 0,5%, другите млечни производи за 0,4%, трајните колбасичарски производи, рибата и киселото млеко за 0,2%.

Исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз на патници за
9,6%, обувките за 0,4% и облеката за 0,2%.

Намалување на индексот на трошоците на животот во април оваа година, во споредба со претходниот месец,
е забележано кај јајцата за 1%, другите прехранбени производи за 0,9%, свежото млеко за 0,8%, месото и
безалкохолните пијалаци за 0,7%, преработките од млеко за 0,6%, тестенините и мастите за 04%, конзервираната риба и алкохолните пијалаци за 0,3%

Во април, исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај течните горива за
домаќинствата за 3,3%, течните горива и мазива за 1,2%, цврстите горива и средствата за чистење и одржување на домаќинствата за 0,3% и гасот за домаќинствата за 0,2%.

Индексот на трошоците на животот во април оваа година, во споредба со истиот период лани, бележи намалување од 1,1%, а индексот на цените на мало бележи намалување од 1,5%.