ЦБЦГ: Автоматски стечај за преку 9.600 фирми

20

stecaj

Централната банка на Црна Гора оценува дека би требало да се воведе автоматски стечај во фирми чии сметки се блокирани повеќе од три години, затоа што тоа би придонело во ублажување на проблемот со неликвидноста во економијата. Покрај тоа, би се зголемила финансиската дисциплина и стабилноста во работењето.

Според податоците на ЦБЦГ, вкупниот долг по основа блокирани сметки на крајот на јануари бил 503,3 милиони евра. Дури 9.640 фирми и претпријатија имале блокирани сметки подолго од три години.

Предлогот на ЦБЦГ е по воведувањето на автоматски стечај, да се одложи неговата примена во рок од една година за да се остави доволно време за дефинирање на потребните предуслови за негова операционализација, посебно во спроведувањето на интензивни програми за обука на стечајни управници. ЦБЦГ проценува дека период од една година е доволно за да им се пружи уште една шанса на фирмите да излезат од блокада, пишува Вијести.

Од Унијата на работодавачи велат дека при евентуално воведување на автоматски стечај, треба да се има во предвид дека е потребно да се креира ефикасен систем на реорганизација на фирми, особено мали и средни, во кој би можеле поефикасно да работат и ако е потребно, да почнат со бизнисот од почеток.