Цементарница Усје организираше конференција за дијалог со заедницата

12

Цементарница Усје АД Скопје го објави најновиот, 5-ти по ред извештај за корпоративна општествена одговорност и одржлив развој за 2014-та година. Извешатојот е прв ваков документ кој добива меѓународна верификација за напредно ниво од страна на ревизорската куќа DNV GL, специјализирана за проверка на извештаи за одржливост, управување со животна средина и општествено одговорно делување.

Документот ги содржи сите активности на Цементарница Усје спроведени според десетте принципи на Глобалниот договор на Обединетите нации (ОН) во областите на работничките и човековите права, унапредувањето на животната средина, антикорупциското делување и коропративното управување и лидерство.

Истовремено, со презентирањето на извештајот, компанијата продолжи со комуникација и вклучување на сите засегнати страни за да обезбеди повратни информации и насоки за планирање на идните активности во областа на општествената одговорност.

“И во годината кога нашата компанија прославува 60 години од своето постоење и развој, сите наши напори и планови остануваат насочени кон исполнување на нашата трајна заложба – задржување и унапредување на лидерската позицијата на пазарот на градежни материјали во земјата. Притоа, нашето лидерство не се ограничува само на бизнисот, туку и на делувањето во областите кои носат јасни и трајни придобивки за сите наши партнери и за заедницата“, вели главниот извршен директор на Цементарница Усје, Борис Хрисафов, кој истовремено управува и со одборот за корпоративна општествена одговорност на компанијата.

Во извештајот меѓудругото е наведено дека Цементарница Усје ја заврши годината без несреќи во работниот процес, што е резултат на вложувањата во заштита и континуираните обуки за вработените кои во 2014-та година се зголемија на 6.500 часа, од кои 30% се во областа на безбедноста и здравјето при работа.

Во текот на минатата година, компанијата обезбеди приближно 22.000 дрвца, садници и цвеќиња што ги засади на различни локации, вклучувајќи и училишни дворови, во рамки на проектот “Партнерство со училиштата“, а ревитализираше и повеќе од 20.000 квадратни метри од своите активни копови. За спроведените активности за намалување на влијанието на бучавата во околината на фабриката, Усје го доби националното признание за општествена одговорност во 2014-та година.

Дополнително, компанијата продолжи со програмите за развој на заедницата и во обезбедузвањето поддршка на особено ранливи категории граѓани, а спроведе и партнерски проекти, како што се оние за обука и развој на вештини за полесно вработување на учениците од средните технички училишта во Скопје и обезбедување стипендии за постдипломски студии за исклучително талентирани студенти.