Цената на нафтата порасна за 20 % во февруари

21

Цените на нафтата се зголемија на светските берзи минатата недела и скокнаа околу 20% во текот на целиот февруари, бидејќи инвеститорите се надеваат дека ќе се забрза закрепнувањето на економиите од корона кризата, а со тоа и побарувачката за “црно злато“.

Цената на барел на лондонскиот пазар минатата недела порасна за 4,8 %, на 64,42 долари, додека на американскиот пазар еден барел порасна 3,8 %, на 61,50 долари.

Во средината на минатата недела, цените на нафтата достигнаа нови највисоки нивоа во последните 13 месеци бидејќи инвеститорите се надеваат дека со забрзувањето на процесот на вакцинација против Ковид-19, заздравувањето на економиите од корона кризата и со тоа побарувачката на нафта ќе се забрза.

Фото: Freepik