Цени на угостителските услуги во мај

14

kafule-pravi-kafe-pixabay

Фото: Pixabay

Цените на угостителските услуги во мај 2017 година, во споредба со претходниот месец, останаа на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Цените на угостителските услуги во мај 2017 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 1%.

Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – мај 2017 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 0,6%, додека во однос на декември 2016 година се зголемени за 0,3%.