Цени во земјоделството во август

15

Цените во земјоделството во август оваа година, во однос на истиот период лани, кај инпутот е намален за 5,7%, а кај аутпутот за 2,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во август 2015 година, во споредба со август 2014 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 93,9, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 101,2.

Во делот аутпут, во август 2015 година, во споредба со август 2014 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 96,6, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 98.