Цени во земјоделството во јануари

15

Цените во земјоделството во јануари 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот се намалени за 2,2%, а кај аутпутот намалувањето е за 1,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во јануари 2016 година, во споредба со јануари 2015 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 97,7, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 100,3.

Во делот аутпут, во јануари 2016 година, во споредба со јануари 2015 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 99, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 98,4.