Цени во земјоделството во март

13

Цените во земјоделството во март 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот се намалени за 3%, а кај аутпутот намалувањето изнесува 7,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во март 2016 година, во споредба со март 2015 година, индексот цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 96,8, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 100,3.

Во делот аутпут, во март 2016 година, во споредба со март 2015 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 90,3, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 97,8.