Цени во земјоделството во октомври

16

Цените во земјоделството во октомври оваа година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот се намалени за 5,4%, а кај аутпутот се бележи зголемување од 2,9%, покажуваат податоците на Државниот за статистика.

Во октомври 2020 година, во споредба со октомври 2019 година, цените на тековно потрошени средства во земјоделството изнесува 94,2, а на цените на средства наменети за инвестиции во земјоделството изнесува 100,2.

Во делот аутпут, во октомври 2020 година, во споредба со октомври 2019 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 103,9, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 99,7.

Фото: Freepik