Цените на мало пониски за 0,5% во септември

14

Трошоците на живот во септември оваа година, во однос на претходниот месец, остануваат на исто ниво, додека кај цените на мало има намалување од 0,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Трошоците на животот во септември 2014 година се на исто ниво како и претходниот месец, но е
забележано движење на цените во подгрупите. Пораст е забележан кај маслото и маснотиите за 3,5%, јајцата
за 1.7%, изнутриците за 0.8%, конзервираните месни производи и сувото овошје за 0.6%, сувомеснатите
производи и преработките од млеко за 0.5%, полутрајните колбасичарски производи и киселото млеко за 0,4%, лебот и белите печива, свежото месо и свежото млеко за 0,2%.

Исто така, пораст на индексот на трошоците на животот во септември 2014 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај телефоните и факс апаратите за 10,4%, финансиските услуги за 9,4%, средствата за чистење и одржување на станот и цврстите горива за 1,3%, средствата за лична хигиена за 0,6% и велосипедите за 0,3%.

Намалување на индексот на трошоците на животот во септември 2014 година, во споредба со претходниот
месец, е забележано кај другите неспомнати прехранбени производи за 1%, безалкохолните пијалаци за
0,3%, рибата, шеќерот, џемот, медот, чоколадите и кондиторските производи за 0,2%.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 13,3%, течните горива и мазива за 2,1%, гасот за домаќинствата за 1,2% и лековите за 1%.ж

Трошоците на животот во септември 2014 година, во споредба со септември 2013 година, бележат намалување од 0,7%, а кај цените на мало намалувањето е 1,8%.